Македонската бокс репрезентација утре со четворица боксери патува на Балканското првенство во Албена, Бугарија, кое ќе се одржува до 4 октомври.
За Македонија ќе настапат: Ален Рустемов, Дион Лена, Илхан Озмен и Арјан Исени, а ќе ги предводи тренерот Васко Цубалевски.
Со нашиот состав патува и судијата Стефан Цубалевски.
(На фотографијата недостасува Дион Лена)