Бојан Величковиќ против братот на Хабиб Нурмагомедов

Бојан Величковиќ (16-7-1) во четвртфиналето на ПФЛ турнирот во велтер катеорија ќе се бори против братот на Хабиб Нурмагомедов.

29-годишниот Србин требаше овој викенд да се бори против второпласираниот Џо Зеферин, но Бразилецот се повреди и неговото место го зазеде Абубакар Нурмагомедов (15-2).

Русинот требаше да се бори во резервната борба против Јуриј Вилфорт.

По два квалификациски натпревари, борците во следната рунда на ПФЛ турнирот мора да победат два пати во истата вечер за да влезат во финалето на 31 декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО