Бојан Костов е европски вицешампион во карате за кадети

 

Бојан Костов е вицешампион на Европа откако во финалето на Европското карате првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Алборг, Данска, во категоријата до 52 килограми загуби од Русинот Ахмет Ахмедов со 0-8.

Инаку, Костов до финалето извојува четир победи и тоа против Себастијан ван Тефелен (Холандија) 3-1, Јакуб Цернички (Словачка) 2-0,  Матеа Бустеми (Италија) 1-0 и Бојан Костов – Мухамед Оздемир (Германија) 0-0.

Ова е голем успех на младиот Костов кој во подготвителниот период покажа одлични резултати на меѓународните турнири.

Засега, ова е прв медал на Европското првенство за нашите каратисти, но остануваат уште два дена, така то може да се надеваме уште на некој медал.

На првенството има 1092 учесиници од 51 држава.

Резултати

Кадети
-52 кг
Бојан Костов – Себастијан ван Тефелен (Холандија) 3-1
Бојан Костов – Јакуб Цернички (Словачка) 2-0
Бојан Костов – Матеа Бустеми (Италија) 1-0
Бојан Костов – Мухамед Оздемир (Германија) 0-0
Финале
Бојан Костов – Ахмет Ахмедов (Русија) 0-8

Ipon.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО