Богоевски очекува да пукне „спортска бомба“ од каратистите и борачите во Баку!

Ekspedicijata za Baku

Вечерва тргнува првата група македонски спортисти кои треба да настапат на Европските игри во Баку, Азербејџан. На Игрите ќе патуваат 44-мина спортисти, а целата експедиција ќе брои околу седумдесетина члена. Како вовед во Олимписките игри во Рио 2016 на Еевропските игри вкупно ќе учествуваат 6.000 спортисти од 50 земји од Европа во 20 спортови. Македонија ќе се натпреварува во девет. Секако, најголеми надежи за освојување на медал се полагаат кај борачите и каратистите, како едени  од најуспешните спортови во последните години на меѓународната сцена.

Emil i Martin vo Mok

Престедателот на Олимпискиот комитет, Васил Тупурковски, не сакаше да одговори на ова прашање, бидејќи сметаше дека шефот на нашата делагцаија во Баку, Владимир Богоевски, е покомпетентен во таа област.

„Сметам дека борачите и каратистите имаат најголеми шанси да освојат медал, односно да остварат голем резултат“, рече директорот на МОК, Владимир Богоевски и додаде: „Не сакам да ги омаловажувам и другите спортисти, но борачите и каратистите веќе се носители на медали од големите натпреварувања. Секако дека очекувам добар настап од сите, но исто така конечно очекувам да пукне и една спортска бомба, а не како што слушаме секојдневно низ медиумите за други „бомби““.

Откако стана јасно0 дека Агенцијата за млади и спорт нема да се изјасни дали има начин Европските игри да се вреднуваат во категоризацијата на пласманите, што беше разочарувачко за спортистите, МОК се погрижи дополнително да ги мотивира спортистите и да им обезбеди парични наград за претстојните Игри во Баку.

„Се погриживме нашите спортисти да имаат дополнителен стимул при настапот во Баку со тоа што воведовме и парични награди. За златен медал се добива 4.000 евра, за сребро 2.500 евра, за бронза 1.500, за четврто место 1.000, се така до осмото место кое носи парична награда од 200 евра. Навистина се надевам дека ќе имаме едно злато на ова натпреварување“, рече претседателот на МОК, Васил Тупурковски.

Borenje MOK EI Baku

На прашањето дали оваа реакција е поради неставањето на Игрите во Правилникот за наградување од страна на Агенцијата за млади и спорт, претседателот на МОК рече дека ништо не е случајно, но дека Комитетот се држи до тоа дека мора да ја почитува и да сорботува со државата и нејзините институции. Тупурковски истакна дека по некој пат има несогласувања, но и дека МОК не е доволно помогнат од државата, како во другите држави.

Како носител на златен медал од сениорско Европксо првенство Емил Павлов ќе го носи знамето на Европските игри.Emil znamenosec

Морам да им се заблагодарам на сите во Македонскиот олимписки комитет, што ми ја укажаа оваа огромна чест да го носам знамето на отворањето. Целосно сме подготвени да го дадеме максимумот и да дојдеме до еден висок резултат. Добро ги познавам противниците и можам да кажам дека тука е собрана целата елита од Европа“, изјави Павлов, кој е еден од нашите најголеми адути за медал во Баку.

Исто така и носителот на бронзениот медал од Европското првенство во Турција, Мартин Несторовски, вели дека е добро подготвен и дека на подоготовките немало повреди, а нивните спаринг партнери ги имитирале нивните противници.

„Осумината избрани не се најдобри само во Европа, туку и во светот. Ќе биде тешко да се освои медал, бидејќи тоа е елитата во светот. Ќе го дадам максимумот и се надевам дека ќе се вратам со медал“, нагласи Несторовски.

Од името на борачите се обрати Дејан Митров, кој на престижниот турнир „Дан Колов“ во Бугарија го освои третото место, а на Македонскиот бисер првото.

„Очекувам да го дадеме максимумот. Задоволен сум настапите на „Дан Колов“ и „Македонски бисер“. За пласманите ќе зборуваме по Баку“, категоричен е Митров.

Edo Sambo vo MOK

Од боречките спортови на Европските игри ќе патуваат:

Мартин Несторовски и Емил Павлов – карате;

Бобан Данов, Халил Зубаиров, Дејан Митров, Јасин Реџалари и Тимур Хамикоев – борење;

Бајро Машовиќ-самбо и Катерина Николоска -џудо.

Европските игри се одржуваат прв пат годинава и секогаш ќе бидат една година пред Олимписките игри. Натпреварувањето ќе трае од 12 до 28 јуни.

ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON