ЕКСКЛУЗИВНО: Сумо борење во Штип-Европско првенство!

Sumo borenje

Сумо борење во Штип! Да, да…Штип викендов ќе биде домаќин на Европското првенство во сумо борење, што е новитет на македонската спорстка сцена, откако Европската сумо федерација и ја додели организацијата на Македонската сумо федерација, која је предводи Виктор Богданов, кој на јавноста и е познат од борењето.

На ЕП ќе има натпреварувачи од Бугарија,Унгарија,Германија,Велика Британија,Холандија,Грузија и Македонија. Македонската селекција ќе настапи во состав: Давид Мишев и Мартин Митков до 14 години, Петар Тодев, Дарко Иванов и Дарио Величковски до 16 години, Серхан Шаќиров, Александар Донев, Иле Харалампиев, Михаил Николов, Васе Спасов, Кристијан Крстев и Филип Тасевски до 18 години, Мице Ристов до 21 година и сиорите Бобан Савов, Горан Ангелов, Даниел Михајлов и Јован Иловски.

Првенството ќе се одржува во спорстката сала „Јордан Мијалков“. На 12 јуни е мерњето, на 13 јуни во 9:30 ќе започнат натпреварите, а во 13:30 часот е свеченото отворање, додека во недела се финалните борби и доделувањето на медали.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО