Бобан Илиоски (92 кг) утре излегува на рингот во Бангкок, Тајланд, на Светските бокс квалификации. Илиоски ќе ги одмери силите со Ерменецот Нарек Манасјан.
Борбата на Илиоски е околу 13 часот.
Во оваа категорија има 42 боксери.
Ако го помине Манасјан, наредниот ден ќе се бори со Виктор Шелестраете од Белгија, а на 2 јуни за норма.
На Илиоски му требаат три победи за да обезбеди олимписка норма.