Бобан Илиоски е победник на турнирот на ВАКО Про Арена фајт до 86 кг во дисциплината К1 што се одржа во хотелот Сплендит во Будва во Црна Гора. Во полуфиналето Илиоски славеше против Алберт Угринчиќ од Босна и Херцеговина, а во финалето на Хравтот Борна Манојловиќ – Хрватска.
Ова е голем успех на Бобан Илиоски и најава за успешна година, како на ВАКО првенствата, така и во профи рингот.