Бобан Илиоски загуби со одлука на судиите од Никола Тодоровиќ од Србија на Арена фрајдеј најт кикбоксинг фајтс настанот во Белград во К-1 што се одржа синоќа.
„Како што кажав пред да тргнеме, Боби симна цели шест килограми за оваа борба, тоа го исцрпи и ударите му немаа сила. Дури и во Боби го видов тоа во рингот додека се бореше, се осети слаб во пласирањето на ударите и свесно се штедеше. Ние тренерите од аголот го храбревме и му дававме инструкции, но тој како да се трудеше само да ја издржи борбата, не применуваше многу од нашите инструкции. Тоа е последица на истоштеноста од јаките тренинзи, три пати на ден и диетата поради губењето на килограмите.
Никола Тодоровиќ е добар борец, но не е ништо подобар од нашиот Боби. Можам да кажам дека двјацата се на исто ниво, но тоа е тоа, вечерва подобриот победи“, изјави тренерот Дејан Митровски-Урко.
Тој вели дека Илиоски малку ќе одмори за да се соземе од диетите и јаките исцрпувачки тренинзи и дека продолжуваат понатаму.
„Ова е школо дека нетреба да се трча и бркаат мечевите со килажи, туку треба да си останеме на нашите тежини и да се бориме со таа килажа, имајќи ја целата моќ“, нагласи Митровски.
Ipon.mk