Бобан Илиоски утре во Белград ќе биде дел од големиот кик бокс настан и во ВАКО Про ќе се бори со Месуд Селимовиќ од Босна и Херцеговина во категоријата до 84 килограми во К-1.
За овој меч вели:
„Добро сум подготвен. Бев на подготовки во Бања Лука каде што имав добар спаринг партнер. Противникот е искусен, ќе дадам се од себе да дојдам до победа“.
Годинава Илиоски го очекуваат и повеќе репрезентативни настапи.
„Приоритет ми е Светското првенство во октомври во Италија. Се надевам на добар резултат, односно освојување на медал“.