Бобан Илиоски против Патрик Барон во квалификациите за Олимписките игри во Париз

Бобан Илиоски во првото коло на првиот светски квалификациски боксерски турнир за Олмписките игри во Париз 2024 ќе ги одмери силите со Патрик Барон од Велика Британија.

Во категоријата до 92 килограми се пријавени 44 боксери од светот, а борбата на Илиоски е на 7 март.

Знаејќи го квалитетот на британските боксери, Илиоски ќе има тешка задача, но тој е со намера да освои олимписка норма.

Турнирот се одржува од 3 до 11 март во Бусто Арсизио, Италија, со учество на најдобрите боксери од целиот свет на кој ќе се борат за олмписка норма за учество на Олимписките игри Париз.

Илиоски е единствениот македонски претставник на овој квалификациски турнир.

Да потсетиме, Бобан е европско кик бокс шампион во 2022 и светски првак првак во 2023 година во ВАКО. Бобан не е дебитант во боксот, има учествувано на неколку професионални бокс мечеви каде сите ги завршил со победи, повеќето со нокаут, а има учествувано и на „Златниот гонг“ во 2016 година (се бореше со српскиот репрезентативец Костиќ).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON