Бобан Илиоски против Алберт Угринчиќ на ВАКО Про Арена фајт турнирот во Будва (ФОТО)

Бобан Илиоски го помина официјланото мерење за турнирот на ВАКО Про Арена фајт што ќе се одржи утре во хотелот Сплендит во Будва во Црна Гора. Во полуфиналето Илиоски ќе се сретне со Алберт Угринчиќ од Босна и Херцеговина. 

Вториот полуфинален пар го сочинуваат Филип Секуловиќ од Црна Гора и Борна Манојловиќ – Хрватска.

Борбата на Илиоски почнува во 18:30 часот, додека Секуловиќ-Манајловиќ во 18:10. Финаланата борба е во 20:30 часот.

На овој турнир во една вечер преку елиминации ќе се борат најдобрите борци шампиони во ВАКО до 86 кг во дисциплината К1.

За овој настап Илиоски се подготвува во Холандија, а во меѓувреме имаше борба настанот Фајт најт топ екшн во Турнхоут, Белгија, при што славеше со нокаут против домашниот кикбосер Леви Кујкен во К1 до 85 кг.

Филип Ризов кој требаше да се бори во категоријата до 63 кг во лоу кик против Илија Перовиќ од Црна Гора, не учествува на овој настан поради повреда кој ја добил пред неколку дена.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО