Без медал на ЕП во поединечна конкуренција, машкиот ката тим е седми, утре се екипните борби

Завршија настапите во поединечна конкуренција за макеоднските каратисти на Европското првенство за сениори во Гвадалахара, Шпанија. За жал, не се продолжи континуитет на освојување недлиа на европските првенства.

Денес настапија преостанатите четворица репрезентативци Емил Павлов, Фахик Весели, Теодора Цветковска и Јована Геогриева, како и ката тимот во машка конкуренција.

Ката тимот го освои седмото место и тоа е најдобар резултат на ЕП на македонските каратисти.

Имаме уште една шанса, иако е потешка, во екипна конкуренција утре ќе настапат машкиот и женскиот кумите тим.

На ЕП настапуваат 548 каратисти од 47 држави.

Резултати – Европско првенство 2023:

Ката тим мажи (Андриќ Христијан, Спасовски Александар, Спасовски Давид) – 2.група со 5 репрезентации (Првата е со 6 репрезентации)

4-ти во групата со 37, 8
Втор круг
4-ти со 36,8

Жени
-50
Теодора Цветкоска – Ања Јовиќ (Црна Гора) 0-6

-55 кг
Јована Георгиева – Алесандра Хасани (Хрватска) 1-9

Мажи
-60 кг
Фахик Весели – Шон Етан Деј (Англија) 0-2

-67 кг
Емил Павлов – Денис Копитко (Украина) 4-2
Емил Павлов – Турал Агларзаде (Азербејџан) 0-6

Кумите тим жени
Македонија – Словенија

Кумите тим мажи
Македонија – Италија/ Полска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО