Бобан Илиоски ќе се бори со Љубо Јалови за европската титула, Јанков грипосан

Бобан Илиоски за европската на титула на ВАКО ПРО во К-1 до 81,4 кг во Варна – Бугарија, на 23 феврурари ќе се бори со Љубо Јалови од Србија наместо со Бугаринот Јордан  Јанков на Сенши настанот. До оваа промена  во главната борба дошло поради грип на домашниот борец, па како прва замена влегува Јалови.

Љубо Јалови има аматерски скор 91 победа и 29 порази, Мултипле натицонален шампион, сребрен медал Светското првенство на ВАКО во 2011 година, златен на СП во 2013, бронзи на Европските првенства во 2014 и 2016 година, СП 2015 и 2017 бронзи.

Професионален скор 24-9, финалист на Татнефт купот 2018.

Исто така на овој настан ќе се бори и Мите Ашкилов против Николај Јоргов во категоријата до 81,4 кг.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON