Бобан Илиоски и Викторија Варадинова обезбедија бронзи на Европското кик бокс првенство

Бобан Илиоски и Викторија Варадинова обезбедија бронзи на Европското кик бокс првенство за сениори во Анталија, Турција.

Илиоски го совлада Мартин Лоренц од Чешка со 3-0, а Викторија Варадинова Иларија ди Цинито од Италија со 2-1.

Наредниот предизвик се полуфиналните борби и пласман во финалето.

Роберт Костовски загуби од Алесандро Капуто од Италија 0-3.

Во вториот дел од денешната програма ќе настапат Митко Ашкилов и Стефан Михајловски, а со победи обезбедуваат бронзи.

На ЕП настапуваат 850 кикбоксери со 980 натпреварувачи влезови од 39 држави.

Резултати Европско првенство:

Лоу кик
-67 кг
Роберт Костовски – Алесандро Капуто (Италија) 0-3

-86 кг
Бобан Илиоски – Мартин Лоренц (Чешка) 3-0
Бобан Илиоски – Борна Манојловиќ (Хрватска) 1/2 финале

Кик лајт
-65 кг
Викторија Варадинова – Иларија ди Цинито (Италија) 2-1
Викторија Варадинова – Николет Мезеи (Унгарија) ½ полуфинале

-94 кг
Мите Ашкилов – Селман Јуџел (Турција)

+94 кг
Стефан Михајловски – Аласгар Бахишов (Азербејџан) 2-0
Стефан Михајловски – Блаж Поточник (Словенија) ¼ финале

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON