Бобан Илиоски и Али ел Амери понудија една од најспектакуларните пресметки на СЕНШИ 16

Очекувано или не, Али ел Амери и Бобан Илиоски понудија една од најспектакуларните пресметки за време на СЕНШИ 16 во „Палатата на културата и спортот“ во Варна.

Мароканецот беше соборен во првата рунда и многумина мислеа дека борбата ќе заврши во корист на Македонецот во првите 3 минути. Сепак, тој стана и се чинеше дека ги добива вистинските инструкции од својот агол, јавува Боец.бг.

Вториот дел беше целосно во корист на Ел Амери. Аркадата и нокдаунот на Бобан изнудија интервенција на лекарот, по што мечот заврши во корист на 35-годишниот Африканец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Senshi (@senshi.gala)

Фото: Боец.бг

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО