Бобан Илиоски го помина мерењето за пресметката со Петров на Сенши (ФОТО)

Бобан Илиоски ги помина мерењето и соочувањето за утрешниот меч на реномираниот настан Сенши во Варна – Бугарија, со домашниот борец Александар Петров во фул контакт до 85 килограми. Беше одржана и прес-конференција.

Ова е 11-ти настан на КВУ Меѓународната професионална лига- СЕНШИ. Ова е и настан и тренинг камп организиран од страна на БККФ и КВУ Меѓународната професионална лига.

На настанот ќе земат учество елитни натпреварувачи шампиони во различни боречки спортови и тренери и инструктори од Бугарија, Русија, Молдавија, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Украина, Холандија, Германија, Иран, Шпанија, Полска, Италија, Естонија и Романија во 11 борби.

Борбите ќе бидат за освојување на СЕНШИ шампионскиот појас.

Од нашата држава поканети се натпреварувачот Бобан Илиоски и тренерите и претседателот Дејан Митровски и Драган Атанасовски.

На СЕНШИ гости се легендите Семи Шилц, Питер Аертс и Ернесто Хост, кои ќе ги доделуваат појасите на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON