Бобан Илиоски: Го исполнив ветеното, гордо ги одбранив боите на Македонија! (ВИДЕО)

„Го исполнив ветеното, гордо ги одбранив боите на Македонија, извојував две победи во една вечер преку елиминации на турнирот ВАКО Про Арена фајт во Будва“, напиша на Фејсбук Бобам Илиоски откако триумфира во Црна Гора, во полуфиналето Алберт Угринчиќ од Босна и Херцеговина, а во финалето на Хравтот Борна Манојловиќ – Хрватска.  

„Ова беше мојот трет меч воедно и мојата трета победа во последниов месец, сето ова ќе беше невозможно доколку до мене не беа луѓето кои што безусловно ме поддржуваат Синтеритас ЕУ кен панел монтинг Цх Алфа гелита & келиум кафе

Следниов период ќе го посветам на подготовки за мојот следен меч кој што ќе се одржи во Варна, Бугарија, на 13 мај, во организација на Сенши.

Се борам против доста квалитетен борец, Едвард Алексијан, кој веќе подолго време не е поразен, време е да му го скршам филмот“, додаде Илиоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО