Бобан Илиоски е во полуфиналето на СП, целта е да се бори за злато

 Бобан Илиоски го совлада Алберт Угринчиќ од Босна и Херцеговина со 3-0 на Светското ВАКО првенство во Албуфеира, Португалија. Со оваа победа Илиоски обезбеди полуфинале и бронзен медал.

Во полуфиначето Илиоски ќе ги одмери силите со Елјан Алкишијев од Азербејџан кој славеше 2-1 против Бразилецот Евертон Роча де Карваљо.

„Боби многу паметно се бореше, не се впушташе во непотребни ризични акции. Слушаше од агол се што му се кажуваше и во целост го применуваше тоа. Имаше постојана доминација над противникот и борбата ја држеше под контрола сите три рунди. Нема повреди, со Господ напред одиме понатаму до злато“,  изјави селекторот Дејан Митровски-Урко.

Денес треба да настапи и Климент Грозданоски.

Да потсетиме дека Андреа Костовска прва настапи и беше поразена од Унгарката Фани Лаура Ковач 0-3.

На ова првенство учествуваат 1429 натпреварувачи од 77 држави.

Светско првенство:

-86 кг лоу кик
Бобан Илиоски – Алберт Угринчиќ (БиХ) 3-0 ¼ финале
Бобан Илиоски – Елјан Алкишијев (Азербејџан) ½ финале

-55 кг кик лајт
Андреа Костовска – Фани Лаура Ковач (Унгарија) 0-3 1/8 финале

-89 кг кик лајт
Климент Грозданоски – Жосуе Ортега (Венецуела) ¼ финале

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО