Бобан Илиоски е светски кик бокс првак!
Во големото финале на Светското кик бокс првенство на ВАКО во Албуфеира, Португалија, Илиоски го совлада Нурбек Уришбоев од Узбекистан со убедливи 3-0.
Ова е голем успех на нашиот најдобар кикибоксер во моментов.
Да потсетиме дека минатиот ноември Илиоски ја освои и титулата европски првак во категоријата лоу кик до 86 килограми.
Се оствари прогнозата на селекторот Дејан Митровски – Урко дека СП одиме на златен медал.
Со тројца натпреварувачи Македонија освои еден медал и тоа златен.
На ова првенство учествуваат 1429 натпреварувачи од 77 држави.
Светско првенство:
-86 кг лоу кик
Бобан Илиоски – Алберт Угринчиќ (БиХ) 3-0 ¼ финале
Бобан Илиоски – Елјан Алкишијев (Азербејџан) 3-0 ½ финале
Финале
Бобан Илиоски – Нурбек Уришбоев (Узбекистан) 3-0