Бобан Илиоски: Да се борам за титула во Скопје би ми било многу мило и задоволство, бидејќи имам голема поддршка (ВИДЕО)

Борбата и победата на Бобан Илиоски на „Битка за појас“ во склоп на Арена фајт најт во Зворник, Босна и Херцеговина, против Хрватот Борна Манојловиќ кој заврши со нокаут во првата рунда остана во сенка на борбата за титулата на ВАКО про на нашиот најдобар кикбоксер, Димитар Ѓоргиев.

Но, и Бобан Илиоски е пред голем предизвик, односно во Скопје да се организира борба за европската титула. А може да се случиво една ноќ двајца наши кикбоксери да се борат за профеисонална европска титула.

Веруваше ли дека толку брзо ефектно ќе го совладаш Хрватот Борна Манојловиќ?

-Искрено, не можам да кажам дека верував, бидејќи во борба никогаш не се знае кој може да победи. Еден удар може да биде пресуден, но влегов со голема самодоверба.

Победив со прекин во првата рунда, и, што е многу битно, немав ниту една повреда. Тоа е многу битно, бидејќи наредниот месец ме очекува борба во голема организација – Сенши и ќе се борам против многу искусен борец од Турција.

Сега ти се отвора вратата за европската титула на ВАКО Про. Кога може да очекуваме борба за појасот?

-Целиот фокус ќе ми биде на тој меч, а борба за титула на ВАКО про, тоа го оставам на мојот тренер. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, но, со Господ напред, ќе дојде и тој момент.

Веќе во кик бокс круговите се зборува за спектакл во Скопје. Што ќе значи за тебе во Скопје пред својата публика да се бориш за европската титула?

-Да се натпреварувам во мојот град би ми било многу мило и задоволство, затоа што имам голема поддршка од многу луѓе. И, се надевам дека ќе се покажам во најдобро светло и сите ќе бидат задоволни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО