Бобан му го честиташе медалот на Бобан!
Фудбалскиот репрезентативец на Македонија Бобан Николов на сограѓанинот Бобан Данов му го честиташе бронзениот медал што го освои неодамна на Европското првенство во самбо во Шпанија.
Николов е член на славната младинска репрезентација која играше на завршницата на Европското првенство во Полска кое влезе во фудбалската историја на Македонија.
Двајцата штипјани си поскаа среќа и уште многу успеси, особено за помладиот Бобан.