Бобан Данов се подготвува за Државното, стручниот шатб на Балканец зсилен со Мики Тодоров (ФОТО)

Тешкашот Бобан Данов вели дека се подготвува за Државното првенсто за сениори.

„Претходно кажав дека нема да учествувам на Изборното првенстов, но на Државното првенство ќе бидам во топ форма“, рече Бобан Данов.
Додека Данов се подготвува за сениорското, пионерите се подготвуваа за Државното првенство идната сабота (23 март) во Радовиш.

„Очекувам во Радовиш нашите носители на медали од Балканското првенство да ги потврдат резултатите и да донесат медали. Ќе учествуваме со околу 15 пионери на првенството“, изјави Виктор Богданов.
УО на Балканец вечрева одржа седница и донесе одлука да се засили стручниот штаб со уште еден тренер – Мики Тодоров, поранешен борач и носител на медали од многу државни првенства и меѓународни турнири .

Ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО