Веќе два дена пишуваме дека репрезентативецот во борење Бобан Данов се подготвува да почне ММА кариера, а за таа цел засилено тренира бокс во БК Пинк Пантер со Димитар Ташков и Илија Малденовски и прави ММА спаринзи.
Кон крајот на октомври Данов ќе има скаутски меч во Стара Загора во Бугарија.
„Целта е да остави впечаток и можности да го повикаат за официјални борби, најпрво да дебитира во Хрватска, за потоа за мечеви и во САД“, велат од неговиот табор.
Ipon.mk/В.Д.