Бобан Данов испиша историја на македонското самбо со бронзата на ЕП во Шпанија (ВИДЕО)

Бобана Данов го освои историскиот бронзен медал за Македонија на Европското првенство во самбо за сениори во Гијон, Шпанија, откако во полуфиналето загуби со 8-0 од Украинецот Витали Хиберниук.

Двајцата тешкаши во комбат самбоп на почетокот на борбата тргнаа офанзивно и се фатија во костец, а во исфралњето Украинецот се стекна со предност и го закова за душекот Данов кој не можеше да се ослободи од неговите стеги па судијата ја прекина борбата.

Претходно Бобан во категоријата над 100 килиграми го совлада Шпанецот Хавиер де Паз со туш за брзо време откако претходно поведе со 4-0. Тој се бори во комбат самбо. Ова е првиот сениорски медал за Македонија на големите самбо натпреварувања. Во оваа категорија настапија петмина тешкаши.

Един Дураковиќ во категоријата до 100 кг загуби од Французинот Антони Сагард кој, пак, загуби во наредната борба и не му овозможи репасаж.

Борбата може да ја гледате на 3:06:19.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО