Бобан Данов го урна митот за непобедливост на Егзон Шаља

155

По 10 години владеење Бобан Данов го симна митот за непобедливост на Егзон Шаља во најтешката и најатрактивната категорија на баш пеливани на Меѓународниот турнир во Драгаш, Косово.

Претходно Данов извојува две победи, прво против Мустафа Ибраим од Турција, па над нашиот Бакија Хамид. Во финалето по еден час борба беше совладан домаќинот и 10 години непоразениот Егзон Шаља.

И вториот наш претставник, Дејан Митров, го освои првото место во втората категорија (баш алити).

Ipon.mk