Боб Арум смета дека Џошуа може да настрада ако го прифати мечот против Фјури: Тоа би било масакр

Eден од промоторите на Фјури, Боб Арум, тврди дека Кралот на Ромите лесно ќе го победи Ентони Џошуа доколку наскоро им се договори боксерската пресметка.

Но, Арум, кој се занимава со оваа работа повеќе од половина век, смета дека Еј Џеј би можел сериозно да се повреди на тој меч и дека е свесен за тоа и нема да ја прифати борбата.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, најави дека Ентони треба да има неколку полесни противници за почеток за да си ја врати самодовербата и да се врати на светско ниво.

„Таа борба засега нема да се случи“, рече Боб Арум и продолжи:

„Иако Фјури го сака тој меч, јас би се ставил во позицијата на Еди Херн и Џошуа. По двата порази од Усик, прво што сакам е да го вратам Ентони во рингот и да му организирам две борби во кои ќе си ја врати самодовербата. Ако сега се врати во рингот против Фјури, може да се соочи со масакр.

Тимот на Фјури испрати официјална понуда со дарежлива поделба од 60-40 во корист на шампионот на ВБЦ, која Херн ја прифати. Но, разговорите заглавија околу датумот на борбата.

Кралот на Ромите сака мечот да се одржи на 26 ноември на „Вембли“ или на 3 декември во Кардиф, додека Џошуа би боксирал само на 17 декември. Фјури не го сака тоа.

Легендарниот промотер смета дека нема смисла Џошуа да скокне во оган веднаш по поразот.

„Распределбата на хонорарите е сосема фер, нели?“, рече Боб Арум, а потоа додаде:

„Џошуа повеќе не е шампион. Не верувам дека Фјури ќе боксира против Џошуа оваа година. Сè укажува дека тоа нема да се случи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON