Боб Арум пореча дека Канело ќе го запре Жермел Шарло во шест или седум рунди

Славниот боксерски промотер Боб Арум не му дава голема шанса на Жермел Шарло против мексиканската ѕвезда Канело Алварез.

Имено, тие ќе се соочат на 15 септември, а тоа ќе биде прв меч на американскиот борец од јуни 2021 година, кога со едногласна одлука го совлада Хуан Масијас Монтиела.

Шарло ја освои титулата на ВБЦ во средна категорија пред четири години во мечот против Брендон Адамс, а три пати го бранеше појасот.

И тоа ќе биде втора борба за Канело оваа година. Во мај го победи Џон Рајдер и ги одбрани појасите на ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ, ВБО и Ринг во суперсредна категорија.

Боб Арум, првиот човек на Топ ранг, очекува Мексиканецот лесно да се справи со следниот противник.

„Па, Канело лесно ќе го победи“, рекол Боб Арум и доде:

„Малиот Шарло нема шанси. Канело најверојатно ќе го нокаутира во шестата или седмата рунда“.

Шарло (33) никогаш не се борел во категорија над 70 килограми, додека Алварез има освоено титули во неколку дивизии.

Американецот ја има единствената предност по висина и растег на рацете, но Мексиканецот има многу поголемо искуство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО