Боб Арум: Пакијао ќе се бори на 5 ноември

bob arum i mani pakijao

Шефот на менаџерската компанија Топ ранк, Боб Арум, продолжува со тврдењето дека Мани Пакијао повторно ќе му се врати на боксот.

Самиот Пакијао постојано ги негира ваквите тврдења, но менаџерот уште еднаш изјави дека ќе го видиме во рингот.

„Многу зависи од тоа на која тежина ќе побара да се бори. Ако одлучи да ги симне до суперлесна категорија и Теренс Крафворд го победи Виктор Постел, тогаш битка меѓу нив целосно е можна. Но, ако одлучи да остане на сегашните килограми, најверојатно ќе се бори против Џеси Варгас“.

Пакијао во април јавно објави дека се повлекува од боксот и дека ќе се посвети на политичка кариера во Филипини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО