Гувернерот на менаџерската боксерска компанија „Топ ранк“, Боб Арум, е убеден дека поранешниот светски шампион во пет категории, Флојд Мејведер, пак ќе се врати на професионалниот ринг.
„Многу е веројатно тој да се врати во боксот. Не гледам многу варијанти, сепак, на профитабилни средби за него. Реваншот со Мани Пакијао ќе биде од голем интерес за навивачите. Се разбира, нема да ги донесе истите приходи како борбата во минатата година, но може да донесе барем половина од неа“.
Гласините за враќањето на „Мани“ во рингот се појавија пред неколку дена.