Кинескиот тешкаш Жилеј Жанг се бори со Новозеландецот Џозеф Паркер овој петок на истиот настан предводен од Ентони Џошуа и Френсис Нгану.
Жанг сака да ја продолжи успешната серија по двете убедливи победи минатата година над Џо Џојс, а триумфот над Паркер во иднина може да го отвори патот за меч за светската титула.
Привремениот шампион на ВБО не се борел во Кина од септември 2018 година кога го победи Дон Хејнсворт, но промоторот Боб Арум вели дека постои план Жанг да се врати дома.
Имено, импресивните победи во тешка категорија му дадоа на Жанг голем импулс, а веројатно, кога ќе добие можност да се бори пред своите навивачи ќе биде пречекан како херој во Кина.
„Планот е тој да се бори во Макао“, изјави промоторот Боб Арум и додаде:
„Може да добие противник од Топ 10. Ќе биде добра борба“.
Жилеј Жанг се надева дека во иднина може да добие меч за светската титула против Фјури или Усик, кои на 18 мај се борат за обединување на титулите во тешка категорија.
Но, ако организира борба во Макао, неговиот противник веројатно нема да биде еден од тие двајца.