Легендарниот американски промотор и шеф на „Топ ранг“ – Боб Арум, е уверен дека наскоро се ќе се финализира помеѓу двата табора на Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.
Штабовите на светските шампиони веќе неколку недели е во сериозни преговори за реализација на еден од најочекуваните мечеви во историјата на боксот.
Кога станува збор за две од најсериозните имиња во боксот на денешницата, преговорите треба да бидат бавни и болни. Двајцата Британци имаат договори со разни ТВ станици и менаџери, но според Арум, крајот е близу.
„Не сакам да давам рокови, но морам да кажам дека досега преговорите течат многу добро“, рече 89-годишниот поранешен адвокат.
„Се надеваме дека ќе ги имаме потписите на обајцата за две недели. Работиме на сите можни детали. Колку што можам да видам, двете страни немаат несогласувања. Јас сум 95% сигурен дека битката ќе се случи и 100% сум убеден дека Тајсон ќе победи со нокаут“, додаде Арум, кој беше подеднакво убеден дека Фјури – Џошуа нема да се случи затоа што Кубрат Пулев ќе го добие „Еј Џеј “.
Тој изјави дека Еди Херн дошол на идеја на средбите за загревање да им се спротивстават боксерите на „Топ ранг“ и „Мечрум бокс“.