Одреден датумот за реваншот Поветкин-Вајт

Долго очекуваниот реванш меѓу Русинот Александар Поветкин и Дилиен Вајт ќе се одржи на 6 март.

Ова беше истканато во интервју со шефот на „Мечрум бокс“ – Еди Херн. Датумот се очекува официјално да биде објавен на прес-конференција овој петок.

Сè уште не е извесно каде ќе се одржи мечот, а најверојатно ќе биде без публика. Најверојатна дестинација останува Лондон.

Првата борба меѓу нив во август 2020 година заврши со победа на поранешниот светски шампион, кој го нокаутира Британецот во 5-тата рунда.

„Победникот од оваа средба станува задолжителен предизвикувач за титулата на ВБЦ“, рече Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО