Блокирани сметките на Хабиб! Должи 306 милиони рубли за даноци, му се закнува робија

Хабиб Нурмагомедов е во центарот на голем скандал, кој според светските медиуми би можел да заврши во затвор.

Имено, Дагестанецот бил обвинет за затајување данок во Русија, поради што му биле замрзнати средствата на банкарските сметки.

Како што е наведено, можните казни се: Затвор до три години за кривични дела извршени од физичко лице; и казна затвор до шест години за вработени во правни лица; забрана за вршење одделни работи три години; парични казни во износ од 200.000 до 500.000 рубли или во износ еднаков на заработката или сличен приход на сторителот во текот на една до три години.

Руски „Маш“ и „РТ“ велат дека Нурмагомедов станал цел на руските даночни власти откако се откажал од сопственоста на неколку фирми, а неговите роднини и блиски соработници, наводно, останале на раководни позиции во одредени случаи.

Руската Федерална даночна служба на крајот започнала истрага против поранешниот шампион на УФЦ и откри неправилности во документите, што доведе до затворање на неколку фирми, тврди медиумски извор.

Неговата компанија за промоција на мешани боречки вештини, Игл фајтинг чемпионшип, наводно ја очекува истата судбина во блиска иднина.

Според извештајот, руските власти се сомневаат дека Нурмагомедов можеби ги користел парите што наводно не ги уплатил во руската државна каса за купување хотели и стартапи во Турција и Обединетите Арапски Емирати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON