АктуелноБоксЕвропски првенства

Блесна бронзата на градите на младиот боксер Арабел Рустемовски кој на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар

Блесна бронзата на градите на младиот боксер Арабел Рустемовски кој на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија, извојува две победи, а за малку не успеа да се пласира во финалето.

Како и порано што напишавме, ова е голем успех за младиот и перспективен Арабел, Македонија и битолскиот бокс, посебно за фамилијата Рустемовски, бидејќи ова е втор голем медал за фамилијата Рустемовски по златниот на Ален Рустемовски на Балканското првенство.

Со освојувањето на бронзениот медал Арабел Рустемовски се запиша во историјата на македонскиот бокс и се нареди до имиња како што Примислав Димовски, Фатон Салиху, Дарко Чатлески, Денис Георгиевски, Ардијан Аземи и Петар Арсовски.

Првиот медал на европските првенства за Македонија е освоен од Прислав Димовски на ЕП во Турција 1995 година за кадети, бронза. Во истата конкуренција на ЕП во Битола 1997 година освоивме три медала – 1 златен и 2 бронзени. Фатон Салиху го освои златниот, а Дарко Чателски и Денис Георгиевски бронзените. Во 2020 година Ардијан Аземи во Будва, Црна Гора, го освои бронзениот медал во јуниорска конкуренција, прв за Македонија кај јуниорите. Петар Арсовски на ЕП за млади во Софија, 2022 година, се закити со бронза.

Вели Мумин бронзи за сениори на ЕП 2006 во Истанбул и 2008 година во Ливерпул.

 

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON