Блејдс се надева на победа против Аспинал, а потоа сака меч со подобриот од Туиваса и Гане

Следниот настан на УФЦ ќе се одржи оваа сабота во лондонската О2 арена, на чело со борбата во тешка категорија меѓу Американецот Кaртис Блејдс и Англичанецот Том Аспинал.

Американскиот борец се надева на победа против Аспинал, а потоа посакува меч со подобриот од дуелот меѓу Туиваса и Гане, кои ќе се борат на 3 септември во „Акор арената“ во Париз.

„Ако го победам Том, ќе бидам во позиција да го чекам исходот од натпреварот меѓу Туиваса и Гане. Мислам дека на сите им е јасно зошто УФЦ ги организираше овие борби. Знаеме дека кога Том се бореше во февруари, во исто време и јас, ни дадоа пауза од шест месеци. Веројатно победниците ќе добијат меч за првиот предизвикувач во тешка категорија“, рече Картис Блејдс, мислејќи на неговиот следен противник:

„Том е многу импресивен, не е голем и бавен тешкаш. Користи разни комбинации, добро е граден и многу респектабилен противник. Неговото место сигурно е тука. Тој е непредвидлив и опасен борец“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON