Благој Трендов е само еден од борачите од Македонија кој кариерата ја продолжува во странство, конкретно во Греманија. Сепак, неговата улога е малку пионаква од онаа на другите, бидејќи тој во исто време е и тренер и менаџер на клубот. Може да се рече дека заврешанат сезона во Греманија беше одлична, бидејќи неговиот клуб ВФЛ Кемингхуасен го освои првото место во Ландеслигата.
Некои работи не зависат од нас, па така и клубот на Трендов требаше да се натпреварува во повисок ранг и да атакува кон Бундес лигата, како што биле зацртаните планови, спознорот го откажува финасирањето, па клубот се враќа во најниската лига.
„Сега почнувам од нула. Верувам и дека со новиот клуб ќе бидеме први АСВ Херос од Дортмунд, и тоа со неполн состав“, вели Трендов, кој и оваа година ќе се потпира на борачи од Македонија и регионот.
Во неговата екипа се тешкашот Александар Стојанов, Ѓорги Јованов и Ѓорги Ангелов, сите од Бучим од Радовиш, како и Леон Сухов од Стара Загора-Бугарија и Марио Молнар од Унгарија.
„Јас ќе се појавувам на душекот по потреба“, истакнува Трендов, кој во изминатава сезона забележа пресудни победи за неговиот клуб.
Тој вели дека не е лесно во исто време да се биде борач, тренер и менаџер.
„Тешко е. Со малку помош од нашите борачи ќе биде подобро. Се бидува со луѓе“, вели Благој, велејќи дека за борењето интересот е поголем од страна на турската заедница, а многу помалку на Греманците. Според него, нашите борачи се ценети во Германија. Имало интерес за борачите на Бучим од другите клубови,но не можеле да прејдат во друга средина поради договорите со досегашниот клуб.
Во германското борење се случиле и неколку интересни работи поврзани со нашите борачи, па така Јованов и Ангелов се сретнале во финалето на пеливански турнир, притоа и било ветена парична награда, но биле изиграни од организаторите. На изборно првенство на Германија на лигите на мерење се појавил и Александар Стојанов, нешто што не било добро за најдобрите борачи, веднаш се откажале од учество на турнирот.
Како поранешен борач на Спартак, жал му е што клубот е западнат во криза, а има и предлог како да се извлече од сегашната ситуација.
„Потребна е добра реклама и мора да одат по училиштата и да го пропагираат борењето, но и да се најдат подобри спонзори“, нагласува поранешниот спартаковец.
Имајќи во предвид дека повеќе борачи на Спартак се надвор од Македонија и дека се уште се млади, тој смета ако се вратат дека во Кочани ќе има силна екипа која ќе биде меѓу најдобрите во нашата земја.
„Ние бевме последната добра генерација“, констатира Трендов.
Како поранешен борач на Спартак од Кочани го има освоено првото место на Меморијалниот турнир „Андонов – Колев“ во 1998 година, а во 2003 година настапува и на Европското првенство за кадедти во Скопје. На турнир во Унагрија освојува сребрен медал, а добри настапи има и на „Дан Колов“ и „Петко Сираков“ во Бугарија. Во Самсун, Турција, во 2009 година го освојуваат третото место со Спартак. Тој е шампион на Македонија во кадетска конкуренција во категоријата до 63 килограми, а во сениорска има бронзен медал на 96 килограми.
До 2004 година е активен борач, а до 2009 се бори по потреба.
Но, во Греманија има настапувано и во самбо, па така комбат самбо има второ место, а во спорт трето, на силни турнири што ги организирал некој Русин.
Тој има и судиска лиценца-Ц категорија, а догодина ќе полага и за лиценца од прва категорија.
Секако, интересно е што работи и како менаџер во борењето. Сигурно не како во фудбалот и останатите спортови.
„Тешко е. Особено тешко се наоѓаат борачи на 57 и 120 килограми. Најдобрите борачи во првата Бундес лига може да зарботат од 30-40 илјади евра за една сезона, а во пониските лиги (3 и 4 лига) од 500-2.500 евра се тарансферите, додека во најниската заработуваат од 30-40“, објаснува Трендов, нагалсувајќи дека и за тренер треба да се има лиценца
Но, Благој не е осамен во борењето, бидејќи има наследник – Милан (10 години) кој веќе има освојувани втори и трети места на турнири за деца.
Вредно е да се истакне дека Благој Трендов е од населбата Оризари кај Кочани од кад ешто излегле многу значајни борачи за македонското борење.
„Мене идол ми беше Влатко Соколов, а прв тренер Драган Георгиев. Лошо е што децата нема со кого да тренираат и се откажуваат, а во Оризари има многу таленти“, констатира Трендов.
Во новата сезона Благој ќе тренира 50 деца и затоа ќе му треба уште еден тренер, а ќе подготвува борци за ММА и ќе организира турнир.
Ipon.mk/В.Д.