Благој Иванов: Моето самбо и кардио ќе бидат клучни за борбата со Луис

Благој Иванов – Багата викендов ќе се бори со Дерик Луис во главната борба на УФЦ 244 во Њујорк.

Оваа година Иванов забележа две последователни победи, а со победата на  УФЦ ќе влезе во топ 5 во категоријата. Иванов планира да ги искористи своите вештини во џудо и самбо, а според него ова ќе биде клучно за средбата.

Благој верува дека ќе му биде тешко на Луис да ја прекине низата од два последователни порази. Иванов е свесен за важноста на оваа борба и смета дека таа е најважната во неговата кариера.

„Се чувствувам одлично и подготвен сум за сабота навечер. Луис одлично се снајде во битката со Волков, но сега е во серија од два последователни порази. Мислам дека ќе биде тешко за него да се врати на победите по оваа серија. Победата во оваа битка ќе ме приближи до титулата. Ова е една од најважните битки во мојата кариера. Подготвен сум за неа. Да, мојата цел е да се борам со топ 5 борци во категоријата.

Мислам дека ќе биде голема борба тука во Њујорк. Мислам дека моето самбо и кардио ќе бидат клучни за победа во оваа борба. Направивме сè на тренинг кампот и сум во многу добра форма. Подготвен сум за битката со Луис. Ќе ги искористам моите вештини во самбо и џудо.

Подготвен сум за стенд-ап битка, како и во партер. Ќе се обидам да го завршам. Разговарав со мојот менаџер и веројатно ќе ми треба уште една победа за да стигнам до титулата. Во моментов сум фокусиран на Дерик. Ќе бидам блиску до титулата, откако ќе го победам“, рече Иванов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON