На Бобан Илиоски денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт му беше доделена благодарница од директорот Наумче Мојсовски за успехот што го постигна СЕНШИ во Свети Константин и Елена, Варна, Бугарија, каде што го освои појасот на оваа организација по правилата на КВУ фул контакт во категоријата до 85 килограми.
Во придружба на Илиоски беше и неговиот тренер, воедно селектори претседател на Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко.
Илиоски со прекин во првата рунда го совлада Полјакот Јакуб Смигиелски и ги освои појасот и престижниот пехар на оваа организација.
Илиоски стартуваше ударно и постигна многу силни комбинации во првите 30 секунди. Полјакот беше тешко потресен од десното кроше и падна во нокдаун. Со својата следна акција Бобан го заврши започнатото, па така вториот последователен меч на галата заврши со нокаут во првата рунда! Победа за Илиоски.
На овој престижен настан имаш учесници од 20 држави.