БК Вардар на својата веб-страница www.vardar-wrestling.com објави повик до Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) завршните подоготовки на репрезентативците да се направат во Шведска и Дагестан, под надзор на тренерот Гајдар Гајдаров.
„Разликата во квалитетот помеѓу Тимур Хамикоев и Халил Зубаиров и останатите македонски борачи е огромна, се наведува од БК Вардар, затоа решивме, со оглед на тоа што 22 годишните Хамикоев и Зубаиров и 19 годишниот Кристијан Пешко, го обезбедија местото на патници за Европските олимписки игри, Медитеранскиот шампионат во Шпанија и Европското првенство до 23 години во Полска, да ви предолжиме завршните подготовки да бидат во Шведска и во Дагестан, под надзор на тренерот Гајдар Гајдаров“.
Според БК Вардар, со тоа се дава шанса останатите кандидати меѓу себе да се сретнат и наметнат на надлежните и одговорните, за некое место во националните селекции.
„Посакуваме најквалитетните да се најдат во националниот тим на Македонија и достојно со успеси да ја презентираат државата. Се надевам дека сите заедно ќе дојдеме до остварување на македонската цел- учество и добар пласман на Олимписките игри во Рио 2016“, истакнуваат од БК Вардар, посакувајќи и успех на сите.
ipon.mk/В.Д.