БК Вардар (крилото на Љубиша Пешко) свика вонредно Собрание

Боречкиот клуб Вардар, крилото предводено од Љубиша Пешко, за утре во Скопје свикува вонредно Собрание на клубот на кое ќе се избираат претседател, управен одбор, надзорен одбор, како и одлуки за финансирање на клубот, програма за работа, но и за тоа како дошло до лошата состојба.

Собранието ќе се одржи во ресторанот Хипократ во 18 часот.

Да потсетиме дека пред неколку месеци се одржа изборно Собрание на кое Чедо Николовски беше избран за претседател на клубот, а Централниот регистар на Македонија го призна неговиот избор за легитимен, иако дотогашниот претседател Далибор Милановски беше со спротивни мислења.

Иницијаторите на вонредното Собрание велат дека имаат докази за нелигитимноста на претходното собрание и дека се направени низа прекршоци.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО