БК Вардар бара Чифлиганец да се врати и највуваат блескав настап на Гаџиханов на ЕП

Pesko so Ramazan Gaxihanov

Боречкиот клуб Вардар излезе со негов став во врска со вчерашните случувања во Федерацијата за боречките спортови на Македонија (ФБСМ), однонсо оставката на претседателот Ванчо Чифлиганец и на Насе Насев, од челн на Управниот одбор, со функција на спортски директор.

Ramzan Gadzihanov pehar

„Многу потресни ситуации во сферата на македонското борење, како што дознаваме од Ipon.mk најголемите работници и највисоките функционери на ФБСМ, претседателот
д-р.проф.Ванчо Чифлиганец и спортскиот директор Насе Насев (тренерот на векот)
си дадоа оставки на своите функции!
Голема штета што двајцата, како искусни и ценети личности , не успеаа да воспостават ред и дисциплина, систематска и стручна насочена работа во македонскиот најтрофеен спорт.
Најголем удел во тоа се има пред се што клубовите се водени од непрофесионални лица и аматерски тренери, кои гледаат преку разноразните комисии и УО на ФБСМ само лична афирмација, а не општ интерес и развој на целокупното борење.
Јавно би го замолиле претседател да се врати на својата функција и постави сериозна екипа за членови на УО при ФБСМ, со кои би го извлекол од криза македонското борење.
Сите останати сегашни членови да апстинираат и да се заангажираат за подем на своите матични клубови.
БК Вардар нема време за препирање и докажување во таа „неразбирлива каша“, но оди понатаму со својата стабилна агенда, да се освојат што повеќе места во македонската репрезентација“, велат во реакцијата од БК Вардар.

Kristija Pesko
Притоа се наведува дека од 17-24 јули 2016 годоина во Стокхолм (Шведска) ќе се одржи Европското првенство за кадети, каде што за првпат во состав на македонската репрезентација ќе настапат најголемиот македонски талент и перспектива на македонското борење Рамазан Гаџиханов (58кг слободен стил) син на починатиот македонски олимпиец, Насир Гаџиханов и Стефан Пешко (69 кг грчкоримски стил).
„Бидејќи нашите млади таленти се помлади од дозволената граница до 17 години , ќе имаат право да учествуваат и следната година на истоимената манифестација, која што требаше да се одржи во Скопје, но од нејасни причини организацијата е дадена на БиХ во Сараево. Им посакуваме голем успех на нашите претставници“, велат од Вардар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО