Најмладиот боксерски клуб во битола Пелистерски јунак во соработка со Агенцијата за маркетинг, графички дизајн и печатење Креатива арт почнаа и навивачката група „Чкембари“ реализираа граѓанска хуманитарна иницијатива под слоганот „Херои на својот град“ која имаше за цел да се собираат парични донации, производи од храна и средства за лична хигиена. Па така, на 14 април и помогнаа на 10-тина семејства со послаб социјалени статус со храна, средства за лична хигиена и парични средства.
Инаку, акцијата траеше четири дена и се одвиваше на штанд на Широк сокак пред „Верo”, каде што се собираше храна, средства за лична хигиена и пари.
Од БК Пелистерски јунак и Кретаива арт искажуваат голема благодарност до битолчани кои несебично донирале за своите сограѓани кои ќе можат да си ги задоволат основните потреби со основните намирници за еден месец.
„Иницијатива ќе продолжи и по Велигден, затоа што мора да се помага за овие големи празници и дека само со љубов се победува секое зло“, рече Иван Стојановски организаторот на целата иницијатива.