Боречкиот клуб Бучим од Радовиш со цел да го промовира и афирмира борењето меѓу најмладите презеде конкретни чекори. Професорот Добрин Трајанов, кој е ангажиран во Бучим како тренер за најмладите категории, беше во Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш мината и на учениците им го претстави спортот што го прослави нивниот град во Европа и светот.
Трајанов не застанува тука, ќе бидат посетени и други училишта, за да се омасови борењето, а клубот да се врати на старите патеки. Ова може да ги радува сите, зашто е вистинскиот пат за унапредување на најтрофејниот спорт.
Овој викенд ќе се одржи Општинското првенство на Радовиш.
ipon.mk/В.Д.