Бивол ја сврте плочата – реванш со Канело само во истата категорија

Светскиот шампион во полутешка категорија на ВБА, Дмитри Бивол приреди едно од големите изненадувања во годината, доминирајќи и победувајќи го Сoл Алварез.

Русинот се покажа преголем и силен за апсолутна доминантна во суперсредната дивизија и заслужено ја задржа нулата во колоната за порази.

Секако, веднаш по мечот се зборуваше за потенцијален реванш меѓу нив, бидејќи Канело и Бивол не ја исклучија можноста нивната втора средба да се одржи во категоријата до 76 килограми. Ваквиот развој на сценариото ќе значи дека двајцата боксери ќе бидат околу три килограми помалку од првата тежина.

И иако Бивол изрази подготвеност да се „спушти“, вчера Русинот изрази сомнеж дека ќе успее и дека вториот меч најверојатно ќе треба повторно да биде во полутешка категорија.

Можеме да разговараме со неговиот тим, но имам големи сомневања дека ќе успеам да влезам во оваа категорија“, изјави Русинот.

„Пред коронавирусот, пандемијата, ќе успееше, но во последните година и пол се здебелив малку повеќе. Премногу храна и без мечеви, немаше што друго да се прави.

Реваншот треба да помине низ многу дискусии и преговори, но на крајот се е за моето тело“, додаде Бивол, кој целата своја речиси 8-годишна професионална кариера ја помина во полутешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО