Околу 50—тина спортисти од Битола деновиве доброволно даруваа крв, а меѓу нив имаше многу членови на Кик бокс клубот Самурај.
Меѓу кикбоксерите беа репрезентативецот Александар Димоковски-Димса, репрезентативниот тренер Тони Бошевски, репрезентативката Гордана Цветковска Бошевска, Мартин Наумовски, Сашо Ристевски, Филип Настевски, Дејан Дамевски, Игор Петковски, Марјан Стефановски, Пеце Георгиевски и други.
Рекоредер меѓу кикбосерите и Настевски, кој до сега дарувал крв 11 пати, а го следи Тони Бошевски со 8 пати.
Оваа манифестација се организира по четврти пати во соработка со Општина Битола.