Битолски Паунд фор паунд прв на „Софија опен 2020“ со 20 медали

Џиу џицу клубот Паунд фор Паунд од Битола на Меѓународниот турнир во џиу џицу и граплинг „Софија Опен 2020“ освои 20 медали – 8 златни, 11 сребрени и 1 бронзен и во екипен пласман е прв. Турнирот беше под закрила СЏЏИФ/ SJJIF, при што настапија 24 тимови од 5 држави и се натпреваруваа во борби со и без кимоно од Македонија, Бугарија, Србија, Романија и Грција.

„Тројца наши претставници се бореа во категории за деца под 18 год.,а сите останати во сениорска конкуренција. Имавме борци и во највисок ранг и таму остваривме успех во одлична конкуренција. Во супер изедначени борби дури 11 пати го губевме финалето поради мали грешки, замор, отсуство на концетрација…Но, тоа е големо искуство и кажува само дека сите борби беа доста изедначени и најчесто се одлучуваа на тактика, многу поретко на завршници. Како најдобри борци на турнирот се покажаа Бојан Милески кој освои две злата во своите категории (јуниори -74) и сребро во апсолутна без кимоно во сениори, каде што се бореше со 30 кг.потежок противник. Сепак, одработи одлична борба која ја изгуби на поени. Филип Божиновски злато сениори до 80 кг без кимоно и злато во апсолутна сини, при што финале се бореше со нашиот Мирко Додевски, и сребро за сениори (лилјакови, кафеави и црни појаси).
Одлично борби одработија и Трајче Мицевски и Игор Додевски кои се закитија со злато во категориите. На неколку борци ова и беше прво меѓународно искуство, притоа научија дека треба посветеност, напорен и разумен тренинг. На следните турнири очекувам да ги видам во многу подобро издание“, вели Сашко Мирчевски и додава дека следната дестинација е Велес на 15 март на Меѓународен профи ММА турнир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО