Главен „виновник“ нашиот профи боксер Горјан – Гого Славески да сапрингува со светскиот првак Вили Монро Јуниор е битолчанецот Сашо Гарабиљевиќ, поранешен член на БК Битола и основач на БК Бранител.
Славески од 24 до 27 август во Њујорк ќе спарингува и тренира со светскиот првак во средна категорија на ВБО Вили Моноро кој во септември ќа ја брани титулата против Били Џо Сандерс.
„За спарингот на Гого и светскиот шампион Вилие Монро Јуниор јас сум заслужен, бидејќи сум во многу блиски контакти и со боксерот и со целиот тим“, истакнува Гарабиљевиќ и додава:
„Денес е многу тешко да направиш спаринг меч со така познат боксерски шампион. Тешко прифаќаат, бидејќи Вилие е во завршните подготовки за одбрана на титулата на 16 септември во Лондон. Бидејќи целиот тим има преголем респект спрема мене, прифатија Горјан да има заеднички тренинзи и спаринзи од неколку дена“.
Во интервјуто со битолчанецот Сашо Гарабиљевиќ ќе дознаете и други детали за Гого, за тоа како Сашо отишол во САД и како почнал да се занимава со бокс, за состојбите во македонскиот бокс…
Ipon.mk/В.Д.