Рој Џонс: Шансите на Конор се минимални

Поранешниот светски шампион во бокс лесно-тешка и тешка категории Рој Џонс – Јуниор смета дека шансите на Конор Мек Грегор за победа над Флојд Мејведер – Јуниор се минимални.

Очекуваниот дуел ќе се одржи на 26 август во Лас Вегас.

„Борбата ќе биде толку бавна колку ќе дозволи Мејведер. Ако зборуваме за тактика, не мислам дека нешто може да извади Флојд од емоционалната рамнотежа. Возраста на Мејведер нема да биде решавачки фактор. Нападите на Конор со ракавици од 10 унци ќе бидат полесни отколку оние со 4-унци. Улога ќе има и бројот на рунди. Мек Грегор никогаш не се борел во 12 рунди. Генерално, сметам дека Флојд ќе победи пред финалниот удар на гонгот“, смета Џонс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО