Тони Фергусон и Кевин Ли ќе се борат за привремената титула во лесна категорија

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, потврди дека Кевин Ли и Тони Фергусон ќе се борат за титулата во лесна категорија. Ова најверојатно ќе се случи на УФЦ 216.

Актуелниот шампион Конор Мек Грегор моментално го очекува првиот бокс меч против Флојд Мејведер Јуниор на 26 август.

Првично, Фергусон мораше да се бори со Хабиб Нурмагомедов во УФЦ 209. До средбата не дојде откако Нурмагомедов имаше здравствени проблеми поради губење на тежината и беше примен во болница. Овој пат Русинот не ја искористи шансата, бидејќи не бил подготвен, поради неодамнешната операција.

Затоа младата ѕвезда Кевин Ли кој има пет последователни победи, смело вледува во борбата за титулата.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО