Биспинг верува дека Том Аспинал наскоро би можел да биде шампион на УФЦ во тешка категорија

Англискиот борец Том Аспинал убедливо го победи Полјакот Марчин Тибура на неодамнешниот настан на УФЦ во Лондон, а истиот заврши со прекин по само 73 секунди.

Аспинал покажа дека е во одлична форма и наскоро би можел да добие голема борба, а истото го прави и неговиот сонародник и коментатор на УФЦ, Мајкл Биспинг.

Членот на Куќата на славните на УФЦ и поранешен шампион во средна категорија бил воодушевен од настапот на Том, па рекол дека е подготвен за сериозни работи, меѓу кои и меч против Џон Џонс.

„Том Аспинал е фантастичен борец. Тоа беше еден од најдобрите настапи во тешка категорија што сум ги видел, а Тибура во никој случај не е лесен противник. Имаше седум победи во последните осум борби против тешки противници“, рече Мајкл Биспинг, а потоа продолжи:

„А Том само го разнесе… Сто проценти сум убеден дека Аспинал наскоро ќе биде шампион во тешка категорија. Џон Џонс е неверојатен борец, но Том Аспинал ќе му го направи истото што му го направи  наТибура. Никој не може да го спречи. Слободно можам да кажам дека Џонс не е ни блиску до него“.

Но, Аспинал ќе мора да почека малку, бидејќи Џонс сега има одбрана на титулата против американско-хрватскиот борец Стипе Миочиќ.

Нивната борба е најавена за настанот УФЦ 295 кој се одржува на 11 ноември во Њујорк.

На тој меч во Медисон сквер гарден Боунс ќе го брани шампионскиот појас во тешка категорија што го освои во март против Сирил Гане.

А за Том Аспинал триумфот против Тибура беше 13. победа во кариерата и десетта што ја постигна со нокаут, останатите три ги заврши со принуда. Има и три порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО